Охрид, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Стабилна е состојбата во охридската Општа болница, во модуларната болница има слободни кревети, а моментално се хоспитализирани 95 пациенти.
Првиот човек на болницата д-р Горан Балески за Супер радио и OhridPress изјави дека намалена е бројката на амбулантски прегледи, а очекува деновиве да опадне и бројот на хоспитализирани.
– Денес ќе има испис на пациенти, па до утре би требало бројката да се намали уште повеќе. Намалена е и потрошувачката на кислород, од 200 во изминатиов период, сега се трошат 110 боци на дневна основа. Од хоспитализираните потешки случаи има кај повозрасни пациенти. Во однос на капацитет, слободни кревети имаме во модуларната болница, интерното одделение е полно, а ковид пациенти и натаму има во нервното одделение, потенцира д-р Балески.
Во однос на процесот за масовна анти ковид имунизација најавена за после Велигденските празници, тој истакна дека и Општата болница обезбеди дел од потребниот медицински кадар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес