јануари 26, 2021

Скопје, 26. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Започна исплатата на јануарските пензии во деловните банки, за пензионерите кои не користат платежни картички.

И овојпат исплатата оди по групи, а први се исплаќаат најниските пензии до 11 000 денари.

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).

Пензионерите, пак, кои користат платежни картички, независно од висината на пензијата, со истата може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа веќе од денес.

Јануарските пензии се зголемени по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2%.

– Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата, велат од Министерството за труд и социјална политика. Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука