Охрид, 4. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, на 3-ти април 2021 година, во периодот од 18:00 до 22:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид беа преземени засилени акциски контроли.
– Притоа, извршена е контрола врз 49 патнички моторни возила пришто, полициските службеници во Охрид регистрираа и санкционираа 3 лица кои управувале моторно возило под дејство на алкохол, 3 моторциклисти кои не користеле заштитен шлем и 7 возачи кои сториле неправилно паркирање. Во Струга, поради непрописно паркирање автомобил на коловоз, подигнати се 5 возила, во Кичево, регистрирани се 11 прекршоци и едно одземање на моторцикл а во Дебар, евидентирано е едно лице кое управувало возило со помината важност на возачката дозвола, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива