јануари 20, 2021

Охрид, 20. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Рано утринава, во 03:39 часот силен земјотрес ја погоди соседна Албанија, близу границата со Република Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри од градот Подградец, на длабочина од само 2 километри. Почувствуван е и во Охрид, Струга како и другите градови во југозападна Македонија.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес, 20-ти јануари 2021 година, во 03 часот и 39 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 145 километри југозападно од Скопје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.0, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука