јануари 31, 2021

Кичево, 31. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 31-ви јануари 2021 година, во 11:24 часот, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 70 km југозападно од Скопје и потекнуваа од кичевското епицентралното подрачје.

– Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда 2.7 степени, а беше почувствуван од населението во Кичево и околината со интензитет III – IV степени според Европската Макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука