мај 4, 2021

Охрид, 4. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти мај 2021 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни акциски контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 77 возачи на патнички автомобили кои ја пречекориле дозволената брзина на движење: Охрид 14 (6 надвор од населено место и 8 во населено место), Струга 26 (11 надвор и 15 во населено место), Кичево 16 (5 надвор и 11 во  населено место), Дебар 21 (15 надвор и 6 во населено место). Во Охрид, со специјалното возило „пајак“, подигнати се 3 патнички возила поради неправилно паркирање на коловоз, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука