април 13, 2021

Охрид, 13. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти април 2021 година, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени акциски контроли во сообраќајот кон возачи кои вршат престигнување на недозволено место.

– Притоа, полициските службеници регистрирале вкупно 43 прекршоци (Охрид 16, Струга 13, Кичево 9 и Дебар 5). На возачите им се изречени соодветни санкции, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука