март 17, 2021

Скопје, 17. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Прележувањето на инфекцијата од COVID-19 не е гаранција дека лицето повторно не може да биде заразено со друг сој на вирусот, досега 116 лица во Македонија по вторпат се заразиле, истакна на денешната прес конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски.

Потенцира дека сите резултати на реинфекција се должат на непочитување на мерките или на оние лица кои мислејќи дека не можат да се заразат поради тоа што го прележале вирусот имале втор контакт со лице кое можеби било позитивно со друг сој на вирусот.

– Никому не можеме да кажеме дека инфекцијата којашто е прележана пред извесен период не може да донесе реинфекција со нов сој. Апсолутно станува збор за потенцијална можност да влезе во државата, дали ќе го наречеме јужноафрикански, бразилски или друг сој на вирус и заболувањето може да настане од некој друг сој или од истиот, но при помал имунолошки одговор кај организмот, рече Караџовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука