март 17, 2021

Скопје, 17. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – За денеска во 11:00 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство на Република Македонија, д-р Венко Филипче.

На неа се очекува тој да информира за проценките на Комисијата за заразни болести за евентуално нови мерки со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Комисијата, како што е најавено, треба да одржи состанок на кој ќе ја разгледа епидемиолошката состојба во земјава.

– На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не, изјави вчера министерот Филипче дадена вчера.

Како резултат на зголемениот број на новопријавени и хоспитализирани случаи на COVID-19 во земјава е воведен полициски час до 22-ри март, што важи од 22:00 часот до 05:00 часот наутро.

999 нови случаи на COVID-19, 38 новозаболени и 52 оздравени лица од Охрид

Според последните информации на Министерството за здравство на Република Македонија, во текот на последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, при што се регистрирани 999 нови случаи на COVID-19, од кои 38 новозаболени и 52 оздравени лица од Охрид. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 90 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889. (Крај)

извор: ОхридПрес/Алсат М фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука