Охрид, 14. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот П.С. од Охрид.
– Тој, од 26-годишниот Р.Р. од Охрид, купил мобилен телефон Huawei по цена од 40.000 денари што требало да ја исплаќа на рати и, откако му исплатил половина од сумата заминал во странство и не одговарал на упатените телефонски повици, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 16