април 18, 2021

Охрид, 18. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид како и против правно лице со седиште во Охрид.

– Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“ во близина на Охридското Езеро, се’ уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и трето пријавените-вработени во правниот субјект од Охрид и, побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро. Истите, извршиле дотур на земја и камен со што, ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи и во водите на Охридското Езеро, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука