Охрид, 3. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – По повод Денот на младинските работни акции, членовите на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид денес спроведоа локална работна акција.
– Истата се одржа на потегот од „Парк“ до мостот. Нашата цел е да ја поткренеме свеста кај граѓаните во врска со загадувањето и да покажеме како сите ние можеме да допринесеме за развој на нашата заедница, информираат од „Брег на младоста“.
Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, и во време на COVID-19 кризата, продолжува со бројни активности. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: „Брег на младоста“
Прочитано: 18