МВР: Управните служби поради полицискиот час ќе работат до 19:00 часот
април 6, 2021

Скопје/Охрид, 6. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Согласно одлуката на Владата на Република Македонија за забрана за движење на населението во периодот од 20:00 до 05:00 часот наредниот ден, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19:00 часот. 

Од МВР информираат дека сите граѓани, на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18:30 до 19:45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден (до 18:30 часот), притоа почитувајќи го датумот на закажаниот термин. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука