Тетово, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Малолетничка од Охрид пријавила во Полициската станица на Попова Шапка сексуално вознемирување од страна на малолетник.
Според пријавата, настанот се случил вчера околу 13:00 часот на Попова Шапка.
– Во 13:40 часот во СВР Тетово, малолетничка од Охрид пријавила дека околу 13:00 часот во центарот на Попова Шапка еден малолетник ја допирал по телото. За настанот бил известен јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.
Полицијата и обвинителството ќе преземаат мерки за расчистување на случајот. (Крај)
извор: СВР Тетово фото: архива
Прочитано: 15