Париз, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Чуварот на мрежата на Баерн Минхен и на германската фудбалска репрезентација, Мануел Ноер по четврти пат во низа е избран за најдобар светски голман на годината, објави Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика.
Во изборот во кој беа консултирани новинари и стручњаци од 56 земји тој доби 156 гласа.
Зад Ноер се најдоа легендата на Јувентус и Италија, Џанлуиџи Буфон и голманот на Спортинг Лисабон, Руи Патрисио.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 6