мај 10, 2021

Охрид, 10. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот не месецов се бележи раст на водостојот на Охридското езеро, но и понатаму е далеку од просекот за мај.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,45 м.н.в, што е за 21 сантиметар под месечниот просек (693,66 м.н.в) и 35 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

 

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, водостопанство управа хидрометеоролошки работи- табела неделна хидролошка реките природните езера прикажани во 07:30 легуновце- скопје вардар 06.05.21 158 127 141 07.05.21 09.05.21 110 100 104 10.05.21 129 108 85 162 119 105 80 162 мак.брод- треска скопје 106 80 нд 115 65 пчина нд 37.0 берово- 50 119 117 -струмица струмица 55 88 нд 86 61 45 82 50 84 60 55 59 62 56 табела 58 54 ΜΗΜ 7:30 30 147.17 нд табела 147.17 вода 7:30 693.45 охрид 693.45 12.0 15.0 17.0 13.0 17.8 13.0 17.0 16.0 15.0 изработил: гм проверил:ау одобрил:вс директор акумулации редовниот корекција“Можно е да е слика од текст кој вели „министерство заземлоделство, шумарство водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба табела 1: водостои прикажани дневна хидролошка информацила реките природните езера претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) 10.05.2021 cm измерени легуновце вардар жм вардар велес 101 99 11.05.21 106 99 вардар ≡ 16 115 101 157 бана 26 брегалница 28 44 нд 90 струмица нд нд 130 сатеска радика 130 ΜΗΜ измерени 144.93 3.преспа 147.17 7:30 часот 147.17 842.65 кота 842.65 табела = 844.26 вода 18.0 = 1змерени ез.доран наколец- з.преспа охрид -ез.охрид 07:30 часот 13.5 16.0 = 13.5 езеро нд нд 15.1 има надминато изработил: минимум одобрил: директор, костадин ацевски нивна“

Од почетокот на мај, водостојот на езерото пораснал за два сантиметри. Температурата на езерската вода е во рамки на просекот и изнесува 15 степени.

Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.

– Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи. Во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука