март 14, 2021

Скопје/Охрид, 14. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Зачувување на статусот на Светско природно и културно наследство на Охрид е императив за МЖСПП, и за Владата, но мора да биде императив и на локалната самоуправа, изјави министерот за животна средина Насер Нуредини за „Слободен печат“ во врска со случајот на уривањето на објектот на ресторанот „Парк“ на локацијата „Горица 1“ на самиот брег на Охридското Езеро.

– Во секој момент сум против секаков вид на активности што можат да го загрозат овој статус, се вели во писмената изјава на министерот Нуредини.

Министерството за животна средина и просторно планирање уште во 2016 година издало водостопанска согласност за изградба на објект – ресторан/хотел на локација 5972/3, катастарска општина Охрид 4, кај месноста Горица покрај Охридско Езеро, на местото на сегашниот ресторан дискотека „Парк“. Водостопанската согласност на инвеститорот му била издадена и покрај тоа што важечкиот Закон за води, донесен уште во 2011 година, се забранува изградба на објекти во крајбрежен појас на езеро и акумулации во ширина од 50 метра од линијата на највисокиот утврден водостој, освен со дозвола или согласност. Објектот на идниот хотел, кој добил одобрение за градба на оваа парцела од Општина Охрид во 2018 година, е проедвиден да биде лоциран помеѓу 40 и 50 метри од самата линија на брановите на езерскиот брег, односно во забранета зона. Објаснувањето на Министерството е дека водостопанската дозвола била издадена кога не постоеле никакви ограничувања во однос на планирање и изградба на објекти на брегот на Охридското Езеро, како и тоа дека на тоа место веќе постоел угостителски објект.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен Печат

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука