март 11, 2021

Скопје, 11. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство ќе ги разгледа сите наоди и следната недела ќе излезе со официјален став, најави министерот за здравство Венко Филипче. 

– Јас пред некој ден спомнав што беше напишано во стручниот извештај и апсолутно не сакам да навлегувам во експертизата на колегите во делот на стручниот извештај, меѓутоа не е само стручниот извештај во случајов, има и други наоди. Тоа е наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тоа е делот од тој наод е пратен во Обвинителството и ние во текот на следната недела тука во Министерството ќе ги разгледуваме сите наоди од сите институции и ќе заземеме став, изјави Филипче.

Потенцираше дека целокупниот извештај е јавен документ и нтука ема никаква доверливост. Што се однесува до контролата повтори дека покрај извештајот постојат и други механизми на контрола на стручната работа.

Инаку, стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Јилдиз Веапоска Јалдз и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот.

Во врска, пак, со поднесената кривична пријава во јавното обвинителство во Струга за д-р Асани Веаповска за „Слободен печат“ изјави дека добивала повици да се смири со докторот кој воедно е и директор на болницата во Струга каде се породила. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука