Скопје, 11. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарот на Охрид, Михајло Младеновиќ е меѓу 16-те избраници на новиот селектор Кирил Лазаров кои вечерва ќе играат против Данска, во рамки на квалификацискиот двомеч за Европското првенство следната година.
Актуелниот светски шампион гостува во Скопје, а за три дена македонските ракометари патуваат за Алборг.
Нашиот состав е комбиниран, од проверени имиња кои се база на репрезентацијата, има еден повратник и еден дебитант. Данска пак ќе игра со Хансен, Ландин, Андерсон.
Натпреварот ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски со почеток во 20:00 часот.
Во рамки на квалификациите, македонската репрезентација ќе има уште два натпревари, против Финска во гости и дома против Швајцарија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива