мај 2, 2021

Охрид, 2. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – По прекрасното видео во кое ги прикажа убавините на централното градско подрачје во Охрид, 15-годишниот Марио Јованоски продолжува понатаму и сними уште едно прекрасно видео.

– На овој проект работев 3 дена без престан, додека не дојдов до перфекција, вели Марио за OhridPress.

Погледнете го неговото ново видео во кое се претставени убавините на манастирот „Св. Атанасиј“ во охридското село Рамне.

извор: ОхридПрес фото/видео: Марио Јованоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука