јануари 20, 2021

Охрид, 20. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина на месец јануари во Охрид се регистрирани 210 новозаразени лица со COVID-19.

Евидентирани се 330 оздравени лица, а имавме и 13 починати пациенти како последица на компликации предизвикани од вирусот.

Периодов се бележи намалување на бројката на нови позитивни случаи, како и на бројот на хоспитализации, со што значително е намален притисокот врз здравствените капацитети. Колку за споредба во периодот од 1-ви до 15-ти декември беа регистрирани 485 новозаболени, 503 оздравени и 14 починати лица, а во болнички услови се лекуваа околу 100 пациенти. Во првите 15 дена од ноември имаше 443 новозаболени, 140 оздравени и 18 починати пациенти.

Според последните информации во Општата болница во хоспитализирани 35 пациенти, а моментално во градов има 367 активни случаи на COVID-19.

Image may contain: sky and outdoor

Деновиве започна да се монтира и модуларната ковид болница во кругот на ЈЗУ Општа Болница, зад одделението за геријатрија. Модуларната болница ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во охридскиот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/ЈЗУ Општа болница Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука