Охрид, 20. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари тренинзите како и натпреварите во рамки на плејофот ќе ги реализираат во спортската сала „Тодор Александров“ во село Велгошти.
Ова доаѓа по одлуката спортската сала „Билјанини извори“ да биде регионален пункт за масовна вакцинација против COVID-19.
По седум одиграни кола, „гладијаторите“имаат две победи, три порази и две ремија. Сега се петти на табелата со осум бодови.
Во следната рунда со која почнува втората фаза од плејофот, ГРК Охрид дома го пречекува скопски Бутел. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16