јануари 19, 2021

Охрид, 19. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Никола Чорбески од Варош го фати Светиот Крст оваа година во Охрид.

Поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, празникот Богојавление Водици годинава се чествуваше поинаку, но охриѓани сепак влегоа во Езерото.

Светиот крст годинава за првпат наместо од езерските води дирекно од црковниот казан во светиот храм Свети Никола Геракомија замина во рацете на Чорбески.

– Оваа година мене ми беше среќата, секоја година се капиме. Годинава на поинаков начин, но среќата била за мене. Господ здравје на сите и за многу години, вели Чорбески, кој подоцна прв влезе во езерото со крстот во рака. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид24

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука