Стрга, 3. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри мај 2021 година, околу 15:15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на брегот од Охридско Езеро, на потегот од Струга кон селото Калишта, настанал пожар во кој изгорела трска и сува трева.
– Пожарот бил изгаснат екипи на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
На 26-ти април се случи инцидент во кој беше опожарена поголема површина трска на излезот од Струга кон Калишта. Неколку дена подоцна, на 30-ти април повторно гореше трска, само неколку стотини метри подалеку.
Нема шанса да потпалат – па да градат. Нема да го дозволиме тоа, тврди Рамиз Мерко, струшкиот градски татко, откако инспектори излегоа на терен.
– Нема да никне ниту една градба на струшкото крајбрежје каде што се потпалуваат трски“, дециден е струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој во изјава за DW ги осудува последните масовни опожарувања на крајбрежјето во близина на Калишта.
видео снимка од инцидентот на 30-ти април
Тој ја повикува полицијата да помогне да се сочува струшкото крајбрежје, а свој придонес кон тоа, вели Мерко треба да дадат и самите граѓани.
– Тие треба да бидат еден вид на редари, чувари на крајбрежјето и штом ќе забележат некоја ваква активност веднаш да ги алармираат надлежните. Сите мора да се грижиме и да ја сочуваме нашата Струга, вели Мерко. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес