Охрид, 3. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со осветлување на старата дрвена шина за кревање на бродовите за репарација и одржување во боите на РЕТКИТЕ, им даваме безрезервна поддршка, порачаа нуркачите од Центарот „Акватек“.
– Се приклучуваме кон националната кампања за осветлување на културно историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со РЕТКИТЕ. Поддршка до лицата со ретки болести и нивните семејства. Ние сме исти, сакаме да се запознаеме со Вас, Ве сакаме и почитуваме. Сите сме исти, потенцираат од „Акватек“.
Снимките се направени кај Сараиште од страна на Никола Паскали, Даниел Атанасовски, Игор Буловски при температура на водата во езерото од 7,6 степени Целзиусови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Акватек
Прочитано: 31