Скопје, 25. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Околу 180.000 грагани се регистрирани за вакцинација во системот „Мој термин“, со возраст над 70 години и пациенти со хронични болести. 50-на илјади граѓани пак се пријавени и преку страната vakcinacija.mk или преку матичен лекар, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Покрај тоа вели дека имаат и други механизми, за оние кои досега не пројавиле интерес да се повикуваат. Министерот е задоволен од процентот на здравствени работници кои одлучиле да се вакцинираат.
– Важно е дека е висок процентот на здравствени работници кои што покажаа интерес да се вакцинираат.За околу две недели ќе ја завршиме вакцинацијата на сите здравствени работници, близу 4.000, кои работат со ковид пациенти. Задоволни сме од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата. Пример во Грција интересот кај здравствените работници е многу мал, за разлика од кај нас, вели Филипче.
Информира дека Владата го овластила да го потпише договорот за руската вакцина „Спутник V“. Станува збор за количина од 100.000 дози. Иако се најавуваше дека до крајот на февруари ќе стигнат и кинеските вакцини, сé уште не се знае кога точно тоа ќе се случи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива