Струга, 1. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми февруари 2021 година, околу 13:00 часот во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, сопственост на 47-годишниот А.Ш. од истото село, настанал пожар во кој изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.
– Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и територијалната противпожарна единица од Струга која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 23