април 27, 2021

Скопје/Охрид, 27. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот.

Програмата на ACI е креирана за да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

– По разгледување на доказите презентирани во текот на процесот на евалуација, вашиот аеродром покажа дека нуди безбедно аеродромско искуство за сите патници, што е во согласност со препорачаните здравствени мерки утврдени во упатствата на ACI за рестартирање и закрепнување на деловните активности во воздухопловството и препораките на работната група за закрепнување на воздухопловството на Советот на ICAO, заедно со најдобрите практики во индустријата, вели Луис Фелипе де Оливеира, Генерален директор на ACI World, во официјалната честитка за акредитацијата до Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

May be an image of one or more people, people standing, indoor and hospital

Според правилата на Програмата за здравствена акредитација на аеродроми на ACI, здравствениот сертификат, односно акредитацијата за Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид важи во следните 12 месеци, по што следи процес на ресертификација.

– Чест ни е што го добивме сертификатот за здравствена акредитација на аеродорми од ACI за охридскиот аеродром, откако веќе истиот го добивме за скопскиот аеродром во октомври 2020 година. За аеродормот во Охрид аплициравме на Програмата за здравствена акредитација на аеродроми на ACI, во ноември 2020 година, а целиот процес на ревизија траеше досега, април 2021 година. Сите наши процеси беа предмет на ревизија и инспекција, вклучително и аеродромскиот план за подготвеност при јавно-здравствена вонредна состојба и Планот за дезинфекција, како и Протоколот на ТАВ за работење на аеродромот при пандемија кој се имплементира секојдневно на охридскиот аеродром во време на пандемија. Здравствената акредитација на аеродроми на ACI е глобално признание дека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид нуди безбедни патувања за нашите патници, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

May be an image of one or more people, people standing and outdoors

ТАВ Македонија ги заврши првите три месеци од 2021 година со 64% пад во патничкиот сообраќај на двата аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, споредено со истиот период во 2020 година. Истовремено, бројот на летови на двата аеродрома заедно е намален за 44%.

May be an image of text that says 'AIRPORTS COUNCIL INTERNATIONAL AIRPORT HEALTH ACT ACCREDITATION MIMOATS ACCREDITED COUNCIL ITENIMINAN CERTIFICATE OF ACCREDITATION TAV MACEDONIA Ohrid Saint Paul the Apostle Airport This certificate recognizes your airport's commitment prioritizing health and safety measures in accordance with ICAO Council Aviation Restart ask Force recommendations and alignment with the joint EASA and ECDC Aviaton Health Safety Protocol and ACI EUROPE's Guidelines for Healthy Passenger Experience Aiports. DATE OF ISSUANCE 23/04/2021 DATE EXPIRY 23/04/2022 ÛUFEE OLIVEIRA Director General ACI World OLIVIER JANKOVEC Director) Di)General ACI EUROPE Supported by ICAO'

Во рамки на летниот ред на летање за 2021 година (март-октомври), 44 дестинации со 11 авиокомпании се најавени од скопскиот аеродром, додека од охридскиот аеродром иако во моментов има само 2 авиолинии, од крајот на јуни се очекуваат 13 редовни дестинации и 6 сезонски чартер летови. Меѓутоа, ТАВ Македонија, апелира, до сите патници, дека постои можност за измени во честотата на летовите до најавените дестинации, како и евентуални откажувања на летовите до некои од дестинациите, поради екстремната неизвесност што постои во воздухопловната индустрија, што е пак резултат на брзите промени во политиките на различни држави за влез на нивно тло, поради COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука