февруари 28, 2021

Охрид, 28. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските угостители, од кои голем дел се лоцирани во центарот на градот пред нов „удар“, се враќа старата цена на паркингот во Премиум зоната.

Од ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид ја известуваат јавноста дека од утре, 1 март цената за еден час паркинг во Премиум зоната се враќа на старата цена од 60 денари.

– До денес, 28-ми февруари е на важност одлуката на општина Охрид за намалување на цената за паркирање во Премиум зоната која изнесува 30 денари за еден час паркирање и која беше донесена по барање на Здружението на угостители „Охридски Еснаф“ со цел ублажување на последиците и загубите кои секојдневно ги генерираа угостителите поради COVID-19, информираат од претпријатието.

Охридските угостители се во исклучително лоша финансиска состојба и веќе подолг период бараат помош за надминување на состојбата. Бројни објекти се затворени, а дел испуштија вработени во неможност да ги покријат трошоците на работењето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука