февруари 2, 2021

Охрид, 2. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Веќе една недела нивото на Охридското Езеро е на иста кота.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е на 11 сантиметри под месечниот просек (693,41 м.н.в), односно се наоѓа на 20 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 м.н.в.

Езерото денес е на кота од 693.30 м.н.в, а температурата на езерската вода измерена утрово е 5,5 степени, што е за еден степен пониска од просекот за овој месец.

May be an image of текст кој вели „министерство землоделство, за хидрометеоролошки работи дневна табела водостои информацила реките природните езера споредба co претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) 02/02/2021 1.02.21 142 130 150 егуновце вардар вардар д.капила- вардар мак.брод 03.02.21 34 133 февруари 86 94 118 пелинце бана- 38 38 37 28 70 бабуна брегалница брегалница струмица струмица = нд нд 90 29 14 26 107 нд р.б.мост ложани 204 80 107 65 прикажани MHM 130 30 07:30 часот 146.99 842.45 842.45 144.08 = температури 843.85 = наколец- вода 5.4 4.0 з.преспа 1 07:30 часот Bodocmojom езеро нд нд 0cm има минимум. директор M-p ивица годоровски нивна“

Времето денеска умерено до значително облачно понекаде со сончеви периоди, на места со слаб дожд особено во планинските региони. Дува слаб јужен ветер.

Максималната температура во Охрид до 9. степени.

Метеоролозите од утре најавуваат стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во претпладневните часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука