Охрид, 22. февруари 2021(ОХРИДПРЕС) – И натаму расте нивото на водата во Охридското Езеро.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,44 м.н.в, што е за 3 сантиметри над месечниот просек (693,41 м.н.в) и 34 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.
Температурата на езерската вода измерена утрово е 5,5 степени, односно за еден степен под просекот за февруари. Топењето на снегот значително придонесе за подобрување на водостојот на езерото. За десет дена нивото е пораснато за 9 сантиметри.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12. степени.
– Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено денес и кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика топење на снежната покривка. Утре и во среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР