април 30, 2021

Охрид/Струга, 30. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Настани случени во регионот на Охрид и Струга повторно голем дел од најновиот Полициски билтен – фатена марихуана, пронајдено оружје без дозвола…

На 29-ти април 2021 година во 13:30 часот на улицата „Живко Чинго“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 29-годишниот Д.Н. од Охрид, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29-ти април 2021 година во 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 38-годишниот С.А. од струшкото село Франгово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ловна пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29-ти април 2021 година во 13:45 часот на улицата „Живко Чинго“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода и 25-годишниот С.К. од Охрид, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука