февруари 23, 2021

Охрид, 23. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Мартин Ѓоргиевски стана капитен на македонската фудбалската репрезентација до 16 години.

Тој седум години беше дел од фудбалска школа „Фер Плеј“ од Охрид, интерес за него покажа португалска Бенфика, но корона пандемијата го спречи овој млад и талентиран фудбалер да замине. Сега, „шефот“, како што сите го викаат Мартин, го носи дресот на Академија Пандев.

– Ова дете со својот талент исклучителна работа и супер карактер се издигна над сите, стана синоним на сите оние дечиња кои тренираат фудбал, да биде мотив за понатамошни успеси, велат за Ѓоргиевски од „Фер Плеј“.

May be an image of 2 луѓе и people smiling

May be an image of 1 лице, стоење и внатре

May be an image of 11 луѓе и луѓе кои стојат

Тој веќе и го имаше своито деби со капитенската трака, иако со репрезентативен пораз. На контролните мечеви во Анталија, Турција нашите фудбалери загубија од Русија со 3-1. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/ФБ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука