април 9, 2021

Охрид, 9. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Повторно се бележи благ пад на водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) Охридското езеро е на кота од 693,34 м.н.в, што е за 25 сантиметри под месечниот просек (693,59 м.н.в) и 24 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

dnevna

Температурата на езерската вода измерена утрово е 9 степени, односно за 1,4 степени пониска од априлскиот просек. Повеќе од еден месец езерското ниво бележи константно опаѓање и е намалено за дури девет сантиметри.

Во Охрид денеска имаме претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 11. степени.

– Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринската температура и утре на повеќе места ќе биде негативна и под просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука