Струга, 30. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Само неколку дена по инцидентот во кој беше опожарена поголема површина трска на излезот од Струга кон Калишта, попладневно повторно гореше трска, само неколку стотини метри подалеку.
Овој пат поголемо ширење на пожарот беше спречено со брза интервенција на струшката противпожарна единица, која со едно возило интервенираше нешто пред 17:00 часот.
Ова е само продолжување на ЕКО инцидентите во кои е опожарена поголема површина трска. Државниот инспекторат за животна средина и инспектори од Одделението за внатрешни работи од Струга извршија надзор на опожареното земјиште на потегот од плажите „Версус“, „Аквариус“ и ресторанот „Аполонија“, во насока кон селото Калишта. Најавија истрага до конечно откривање на сторителот, против кого ќе се поднесе кривична пријава. (Крај)
извор: ДИЖС фото: архива