Струга, 2. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На први февруари 2021 година, во 15:45 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 28-годишниот К.Н. од Струга, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
– Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 11