Охрид, 4. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти јануари 2021 година, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во содејство со претставници од Државен инспекторат за земјоделство, наспроти селото Пештани, во близина на брегот на езерото пронашле четири рибарски мрежи.
– Станува збор за мрежи со должина од по 50 метри и три рибарски мрежи со должина од по 100 метри, со вкупен улов од 100 парчиња риба охридска белвица и 19 парчиња риба грунец. Риболовниот алат бил однесен во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 18