Охрид, 5. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јануари 2021 година, околу 18:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар на товарно возило кое било застанато на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Врбјани, општина Дебрца.
– Од извршен увид, констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, се појавил поради дефект на инсталација. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 11