Скопје, 20. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фирмите и самостојните вршители на дејност од денеска ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март.
Денеска ќе бидат објавени правилниците, согласно кои работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе можат да достават барање до Управата за јавни приходи. За мерката се издвоени 31 милиони евра, а барањата ќе може да ги достават до 30-ти април.
Ова го соопштија на заедничка прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на која и најавија дека денеска на Влада ќе се разгледува и Шестиот сет на мерки, за што набрзо ќе информираат на посебна прес-конференција.
За мерката се издвоени 1,9 милијарди денари од буџетот, односно 31 милиони евра, што ќе опфати околу 60.000 работници. За секој работник ќе биде исплатена поддршка во распон од 14.500 денари до 21.776 денари по месец.
Висината на поддршката ќе биде утврдена согласно процентот на намалување на приходите на фирмите во последните три месеци пред месецот за кој се поднесува барање, во однос на истиот период претходната година .
Работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за месеците февруари и март 2021 година, за секој месец одделно, преку системот е-Даноци, најдоцна до 30 април 2021 година. Управата за јавни приходи веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена доставува повратен одговор за комплетноста на барањето.
Целиот текст ТУКА.
извор: Плус инфо фото: архива