април 16, 2021

Скопје, 16. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата утрово го привела доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција претходно донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, дознава „360 степени“.

Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.

„360 степени“ веќе објави дека со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството предлага други мерки на обезбедување. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука