Охрид, 20. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во 10:37 часот во Република Македонија и на северната земјина хемисфера ќе настапи пролетта, која ќе трае до 20-ти јуни.
Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 05:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот. Пролетта ќе трае 92 дена, до 21-ви јуни во 05:32 часот, кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне во последниот викенд од месецов, ноќта меѓу 27-ми и 28-ми март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.
Пролетта на северната полутопка во 2007 почна на 21-ви март во еден часот по полноќ. Тоа беше последен пат во овој век пролетта во Европа да почнува на денот кога децата уште во основно школо го учат како прв ден од пролетта. Од 2008 година тоа е веќе втор ден од пролетта, а во Америка од 2016-та година дури трет ден, со оглед на тоа дека ова годишно време на тој континент почнува на 19-ти март. Датумите на почетокот на годишните времиња варираат од година во година поради несовршеноста на календарот и елиптичноста на Земјината орбита околу Сонцето. Пролетта е едно од оние годишни времиња, кои според конвенцијата на северната Земјина полутопка ќе трае дел од март, цел април, мај и дел од јуни, а на јужната Земјина полутопка дел од септември, цел октомври, ноември и дел од декември. Годината не трае точно 365 или 365,25 дена. Грегоријанскиот календар е составен да биде што приближно до износот на астрономската година, т.е. времето кое на Земјата и е потребно за да го обиколи Сонцето. Поради тоа не секоја четврта година е престапна. Престапни не се „кружните“ години на крајот на векот, кои не се деливи со 400 (1.700, 1.800, 1.900), а истото важи и за „кружните години“ кои означуваат крај на милениумот, а кои се деливи со 4.000 (4.000, 8.000 години). Последниот викенд во март ќе почне и летното сметање на времето, па во ноќта помеѓу 28 и 29-ти март часовниците треба да се поместат за еден час напред.
Се очекуваше од оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива