јануари 22, 2021

Струга, 22. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Р.Р. од струшкото село Велешта и против правното лице што тој го управувал, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

– Полициски службеници на 22-ри септември 2020 година, на локалниот пат кон струшкото село Долна Белица, го затекнале пријавениот при управување на товарно возило „Мерцедес“, сопственост на правното лице, натоварено со 14 метри просторни огревно дрво. Притоа, констатирано е дека транспортот се врши без целосна документација, која била со невистинита содржина. Возилото и огревното дрво се одземени и предадени на надлежното Шумското стопанство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука