јануари 26, 2021

Охрид, 26. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот Т.М. и 48-годишниот Н.С., двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– На 15-ти декември 2020 година, пријавените на социјалната мрежа Facebook, напишале коментари со кои поттикнувале омраза, дискриминација и насилство према група граѓани со што, ја загрозиле нивната безбедност и предизвикале чувство на страв, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука