февруари 16, 2021

Скопје, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ракометната федерација на Македонија ги одреди двојките од елиминациското коло во националниот куп.

Ривал на „гладијаторите“ во 1/8 финалето во Купот на Македонија е екипата на Делчево, а мечот ќе се игра на теренот на противникот.

Натпреварите од првото коло ќе се играат на 24-ти и 25-ти февруари, а победниците ќе формираат четири четвртфинални групи. Првопласираните во групната фаза ќе обезбедат место на завршниот турнир, што е на програмата од 21-ви до 23-ти мај.

Останатите двојки од осминафиналето се: Вардар – Текстилец, Прилеп – Аеродром, Јуниор КВ -Драчево, Преспа – Струга, Пролет – Борец, Металург РА – Радовиш, Младост Богданци – Скопје, Риниа М – Работнички, Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино, Еурофарм Пелистер 2 – Јехона, Куманово – Металург, Астраион – Македонија ЃП, Партизан Гевгелија – Голден Арт КЛ7, Кичево – Бутел Скопје и Шампион – Тиквеш. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука