април 15, 2021

Охрид, 15. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти април 2021 година, во периодот од 12:00 до 17:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени беа засилени акциски контроли во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници регистрирале 41 прекршок (Охрид 22, Струга 4, Кичево 8 и Дебар 7).

– Евидентирани се 8 возачи кои бесправно управувале моторни возила (Охрид 1, Струга 2 и Кичево 5). За сите констатирани прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука