април 7, 2021

Охрид, 7. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – При контроли во сообраќајот извршени на 6-ти април 2021 година, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, полициските службеници во Охрид, на вонреден технички преглед упатиле 4 моторни возила.

Кај 2 биле констатирани технички неисправности, од сообраќај исклучиле 1 моторно возило, регистрирале 6 прекршоци на непрописно запирање и паркирање моторно возило како и 3 прекршоци за мотоциклисти.

– Во истиот период, полициските службеници во Струга, евидентирале 6 прекршоци за непрописно запирање и паркирање моторно возила, кои се подигнати со специјално возило, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука