април 28, 2021

Скопје/Охрид, 28. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Св. апостол Аристарх.

На своето второ патување апостол Павле за првпат дошол во Солун. Таму останал три недели, проповедувајќи го Христос во еврејската синагога. Меѓу слушателите, што поверувале во Павловите зборови бил и подоцнежниот постојан сопатник на Павле и апостол – Аристарх.

Овој Солунец е спомнат заедно до Павле на неколку места во Новиот завет: во Ефес и Рим. Подоцна тој бил епископ во сирискиот град Апамеја, а пострадал маченички, т.е. бил обезглавен за време на владеењето на императорот Нерон (54-68). (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука