Охрид, 12. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер ја погоди соседна Грција, нешто пред 14:00 часот.
Според првичните информации, епицентарот на потресот бил на 33 километри североисточно од Трикала, на длабочина од 10 километри.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, денес 12.03.2021 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 230 километри јужно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот се случи во 13:57 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML5.6. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во јужните делови на на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот беше почувствуван во Охридско-струшкиот регион. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива