јануари 4, 2021

Струга, 4. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46-годишниот А.Г. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

– На 24-ти и 25-ти ноември 2020 година, во својот стан во Струга, а потоа и во патничко возило, негова сопственост, на три лица им овозможил употреба на амфетамин и марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука