Охрид, 18. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти април 2021 година, во 09:50 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ново село патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од страна на 47-годишниот С.Џ. од Тетово, излетало надвор од коловозот.
– Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот, извршен е увид од страна на увидна екипа, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 10